Повод:
Изјава од еден млад човек: “Не ме викајте за глупости… не можам јас да ти доаѓам на јавни дебати, на состаноци, на тие ваши ивенти… плус знаеш дека не се плеткам кај што има камери и медиуми… Викнете ме кога сите ќе излезат на улица, прв ќе ви се придружам… Еве, кога ќе стигне ситуацијата барем до 20% од она што сега се случува во Грција - викнете ме прв ќе дојдам”
Пасивизам, послушност, инертност, полтронство, апатија… Со овие поими се само-дефинира македонската младина, а богами и постарите така ја дефинираат… Па и оние од странство.
Да, оваа констатација сме ја слушнале милион пати и досадна е, знам. Досадна е исто како и на оваа младина што и е досадно, пасивно, апатично.
А кога ти е досадно, имаш две опции.
Опција 1: Да си продолжиш по старо и да чекаш ептен да ти се здосади, па на крај да избереш една од следниве подопции:
Опција 1а: Да си умреш од досада;
Опција 1б: Да кукаш и плачеш дека многу ти е досадно;
Опција 1в: Да полудиш од досада и да направиш глупост за да се извлечеш од досадата.
Опција 2: Да избереш алатка за акција и да смислиш на која тема ќе се активираш. Веднаш ќе престане да ти биде досадно, бидејќи прво ќе мислиш каква акција сакаш, а кога ќе одлучиш ќе тргнеш во поход. Толку едноставно, а не се применува.
Македонската младина не применува алатки за разбивање на досадата, апатијата, послушноста. А има многу на располагање. Теми за активизам колку сакаш. Да не ги бројам, секој си знае што му смета. А и алатки колку сакаш. Секој има уставно право да се активира и бори за своите теми.
Ќе ги набројам и објаснам основните алатки . Текстов што следи ќе биде дел од “Прирачник за младински активизм”, кој за околу 2 месеци треба да биде публикуван под печатот на проектот Локална младинска иницијатива, реализиран од МОФ.
Текстот ќе носи наслов “Алатки за заштита на младински приоритети и права во Република Македонија”
Акцентирање на младинските права, приоритети и интереси, во поновото време на Република Македонија, се забележува после Втората светска војна со формирањето на младинските задруги, младинските совети, студентските сојузи, работничките универзитети и младинските сектори во рамките на владејачката партија. Сепак, овие младински здружувања секогаш биле во тесна функција на државните и партиските интереси, а многу малку во функција на самите млади, на отвореноста за прогресивни младински идеи и на рамномерно вклучување на младите во сите свери на општествениот живот.
Младите најчесто беа активни и вклучувани во спортски натпреварувања, работни и еколошки акции, училишни и студентски манифестации и паради. Недостасувал простор за креативно младинско изразување, отворена дебата и вклученост на младите во процесите на одлучување.
Со независноста во 1991 година и со промената на општествениот систем на Република Македонија во демократски и плуралистички, почнаа да се обезбедуваат уставни и законски можности за дефинирање и гарантирање на младинските права и приоритети.
Основните младински права беа дефинирани со Уставот на Република Македонија, за прв пат изгласан од страна на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, на 17 ноември 1991 година. Уставот, следејќи ги постулатите на демократијата, ги гарантира основните човекови права и слободи, кои важат и за младите како еднакви граѓани во општеството. Уставот го гарантира правото на живот, слободата, психичкото и моралното достоинство, правото на движење, правото на сопственост, правото на наследство, правото на образование, правото на работа, правото на заштита при работа, правото на социјално осигурување и здравствена заштита и други.
Слобода на говор
Младите можат да го изразат своето право на говор на било која тема. Тие можат да ги изразат своите мисли, чувства или ставови на секое соодветно место преку различни средства и канали на комуникација, и тоа: говор, текст, цртежи, симболи, фотографии, музика, филм и други форми. Злоупотребата на слободата на говор за ширење на верска, национална, расна или друга омраза, претставува кривично дело во Република Македонија.
Член 16 од Уставот на Република Македонија
- Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување
- Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање
- Се гарантира слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување информации
- Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање
- Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање
- Се гарантира правото за заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање
- Цензурата е забранета
Нашиот Устав ги заштитува и медиумите исовремено овозможувајќи слободно формирање институции и медиуми за јавно информирање. Терминот медиум ги опфаќа сите форми на јавно информирање, како што се: весници, списанија, книги, радио, телевизија, интернет, филм.
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е едно од основните човекови права во модерните демократии, а кај нас е гарантирано со Уставот и со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Информација од јавен карактер е секоја информација што ја создал или ја поседува државен орган, органите на општините, јавните институции и установи, јавните претпријатија, или друго физичко или правно лице што врши јавни овластувања. Секој има право да побара и да добие информација од јавен карактер, без разлика на пол, раса, вера, политичко или друго убедување. Право на пристап имаат и правните лица.
Јавно собирање (демонстрација и протест)
Своето незадоволство младите можат да го изразат преку јавно протестирање, индивидуално или групно писмено обраќање до органите на власта, со обраќање преку медиумите, преку организирани јавни дебати, со непочитување на донесените одлуки и на други начини.
Под јавен собир се подразбира собирање на повеќе од 20 луѓе на отворен или затворен простор, заради остварување на забавни, културни, хуманитарни, верски, спортски или слични интереси на младите, на коешто се изразува јавно мислење или протест.
- Собирот треба да се одвива мирно и да не се наруши јавниот ред и безбедноста на граѓаните
- Не треба да се ограничува слободата на движење на граѓаните што не учествуваат во јавниот собир
- Не треба да се блокира пристапот на возилата на брза помош до болниците и не смее да нарушува мирот на болните
- Собирот не смее да се одвива во близина на училишта и градинки во време кога учениците престојуваат во нив
Право на избор и слобода на здружување
Плурализмот значи разновидност, повеќебројност, конкурентност и слободно изразување на идеи и мисли. Во контекст на плурализмот, младите имаат право на слободно здружување по сопствен избор, во неформални или формални групи, организации, здруженија, асоцијации.
Со помош на овие облици, младите меѓусебно се поврзуваат во остварувањето на сопствените интереси. На таков начин нивното влијание станува посилно, а нивниот глас добива поширок простор.
Здруженија на граѓани
Здрженијата на граѓани се невладини, непрофитни организации во кои младите се здружуваат заради остварување и заштита на економски, социјални, културни, научни, стручни, технички, хуманитарни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања. Здруженијата не смеат да остваруваат политички интереси со своите активности.
Политички партии
Паритиите се основен облик на политичко организирање и здружување во Република Македонија. Тие се дефинирани како организирани групи на граѓани што се залагаат за учество во власта.
Политичка партија може да основаат најмалку 50 пололетни граѓани на Република Македонија, со постојано живеалиште во Република Македонија. Младите, во рамките на партиите, се претставени преку посебни организациони единици или органи.
Партиите се основна алатка за функционирање на демократијата и за гаранција на правото на слободен избор.
Петиции
Петицијата е демократска форма на искажување на јавно и групно мислење, преку писмено одобрување на определена идеја, цел или активност која е во интерес на младите и граѓаните. Петициите може да се реализираат на национално, локално или на ниво на институција или целна група. Петициите може да се однесуваат на правата на студентите, правата на средншколците, правата на група млади во одредена општина и слично. Преку петициите младите ја изразуваат својата моќ на здружување, масовност и јавно искажување на сопствените ставови.
Петицијата може да има промотивна цел да покаже определен став на младите, или пак доколку се спроведува низ институциите на системот, да ја обврзе државата на референдум или на собраниска расправа за нов закон или измена на закон.

December 20th, 2008 at 1:06 am
Гледам дека постов е предолг… Ќе остане таков, бидејќи целта е детално да се објаснат основните младински права и интересни и алатките за нивна заштита… да се објаснат, а не само набројат.
December 20th, 2008 at 10:28 am
Ниедна од горенаведените опции не е целосно применлива во капиталистичко општествено уредување . Во капиталистичко општествено уредување не се стремиме кон рамноправност , слобода на говор ,слобода на здружување . Во капитализам се стремиме кон владеење на капиталот , а потоа слободниот пазар ке одреди кои наини на здружување и организација на општеството ке останат да функционираат .
Еден едноставен пример ….
Дали би имало толку НВО организации да не се странски спонзори да ги финансираат . Оној момент кога ке престанат да финансираат пропаѓаат .
Заклуќок …. НВО организациите не се создадени како резултат на стремежот на граѓаните да остварат некое свое право или да се здружат , туку како резултат на намерно инјектирање на средства кои ги привлекуваат граѓаните заради лукративни причини да учествуваат во тој вид на здружување .
Разгледај ги малку овие розевиве револуции . Странските спонзори плакаат пејаци глумци познати личности само за да го задржат вниманието на масите . Исто им спремаат и пропаганден материјал и ги обучуваат им плакаат кирии и стипендии .
Па и да не ти е чудно што денешнава младина несака да учествува во таканаречените СПОНЗОРИРАНИ РЕВОЛУЦИИ .
December 20th, 2008 at 7:10 pm
Не се согласувам баш… применливи се повеќето опции, а некои од нив веќе се применети.
Тоа што викаш дека во капиталистичко општество не се стремиме кон спомнатите вредности е точно, но тоа не е поради капитализмот туку поради менталниот склоп, односот на властите кон граѓаните, послушноста, апатијата… и во Франција и во Грција постои капитализам, па кога на луѓето ќе им скурчи излегуваат и силно се борат за својата слобода на говор, за својата социјална правда, за своите интереси.
СЛОБОДА НА ГОВОР - не и се дава приоритет во државава, но и тоа како применлива. Кој може да ти забрани да организираш јавна дебата и таму гласно да размислуваш? Кој може да ти забрани да пишуваш по блогови? Кој може да ти забрани да учествуваш во настан кој медиумите би го пренесувале до пошироката јавност. Да, медиумите се купени, но за креативна активност секогаш известуваат. Овие можности не може капитализмот да ти ги забрани.
СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР - Каков суров капитализам? Пополнуваш основно барање и го испраќаш до институцијата. Сум го правел тоа, а оние кои не одговориле сум ги обжалил. А кога ќе ги обжалиш, веднаш ти одговараат. Најважно е да не се откажеш после првото игнорирање. А можеш да дознаеш што сакаш, треба само да не одиш по линија на помал отпор и да агресивно да прашуваш.
ЈАВНО СОБИРАЊЕ - Секојдневно се случува. Проблемот е што јавните собири кај нас никогаш не се доволно бројни. А тоа е ради пасивизмот, не ради странските донатори и ради капителизмот. Оние млади што пред 5 дена со врзани усти протестираа пред УКИМ ниту беа платени од странски донатор, ниту беа спречени од некој капиталист. Дали оние кои фаќале сеир од страна можеби биле спречени на некој начин? НЕ! На сеирџиите уште не им дошла маката на врат, па полесно им е да им се смеат на “циркузантите” и да си дремат од страна.
СЛОБОДА НА ЗДРУЖУВАЊЕ - Тука си во право дека постојат НВО кои се финансираат од странски донатори. И не гледам што има лошо тука. Јас сум учествувал во такви проекти и никој, никогаш не ми рекол ти мора да го правиш ова и ова. Не, аплицираш за проект, добиваш средства, го реализираш и на крај праќаш извештај. Дали МОСТ кој ги мониторира изборите прави зло со тоа што добива средства од странски донатори? Дали студентите со хендикеп кои слободно се здружиле за да се борат за рампи за пристап и за тоа добиваат финансии од странство прават зло?
На крајот на краиштата, овие НВО не држат монопол врз ваквите активности. Невладина се регистрира за еден ден и за тоа не се потребни средства. За да се здружиш дури и не мора правно да постоиш. Ти треба само група и активизам. За дел од тој активизам пари и не се потребни, потребна е кауза и верба во целта.
ПЕТИЦИЈА - и ова не може да ти го спречи капитализмот. Петиција за закон за лица со посебни потреби (над 10,000 потписи), петиција за плурализам во студентското организирање (11,000 потписи), петиција за укинување на визниот режим (над 16,000 потписи). За ова не се потребни пари. За ова се потребни луѓе кои имаат проблем и кои се спремни да се борат. Луѓе кои ќе висат по цел ден на штандови и ќе собираат потписи. Луѓе кои нема да дремат од страна и нема да чекаат друг да им го реши проблемот, зошто тоа никогаш нема да се случи.
РОЗЕВИ РЕВОЛУЦИИ - За што зборуваш? Па кај нас нема револуции, ни платени ни спонтани. Дури и странските донатори се откажаа од вербата дека овој народ може да направи револуција за било кое прашање.
Невладините ќе постојат и кога ќе секнат странските пари. Може нема да имаат пари за кирии, но тие вистинските ќе се собираат по дома и пак ќе прават акции.
Кој ќе се вклучи, останува да видиме.
ПЕЈАЧИ - Платени се да пејат, па што… тие само влечат медиуми и ја прават каузата повидлива. А верувај, има и такви кои за вистинска цел пејат без пари… Паркети пееа без пари против затворањето на студентското радио… Еден куп поп пејачи пееа без пари за собирање донации за болните од рак на дојка… И ова ли е платено од странските фондации? Или пак можеби бојкотирано од капитализмот?
Револуција нема да се случи се дур се гледа со скепса и на најмалата активност.
December 21st, 2008 at 12:45 pm
Има една добра изрека која можеби се ке објасни
ПАТОТ КОН ПЕКОЛОТ Е ПОПЛОЧЕН СО ДОБРИ НАМЕРИ .
Во акпитализмот владеат слободите но само на хартија . Во реалноста владеат парите и капиталот . Ако имаш пари и политичко влијание за тебе неважат законите .
Инаку општо познато е дека ваквите видови здружувања и активности имаат за цел малку да ја разубават темната слика за капиталистичкото општество . Факт е дека тие имаат активности , но имаат и СКРИЕНИ АГЕНДИ кои ги прикриваат зад маската на хуманизмот .
Еве за пример земи го Ирак . Која наша невладина излезе и кажа дека Македонија во Ирак не е ослободител него ОКУПАТОР .
Која наша невладина ке излезе и ке каже дека анкетите во кои 80 проценти од населението се за ЕУ и НАТО е лага .
Која наша невладина организација ке излезе и ке каже дека главни спонзори на нашите про Косовски лобисти е Албанската нарко мафија .
Ти ги имаш сите права и на здружување и на опганизирање но кој ке ти даде канцеларија кој ке ти даде средства за пропаганден материјал .
Во Македонија треба да постојат невладини организации од типот на АФЖ , здружение на писатели и др … Странски спонзори и донации нетреба да има .
Зошто - Затоа што тие се мегафони на пропагандата на одредени лоби групи .
Еве за пример ке ти дадам . Ако не сме го сменеле името ке сме биле изолирани . Има една цела кампања организирана и финансирана од странство за разубедување на народот . Може да погодам кој се мегафони и зошто возат скапи џипови .
Сепак постојат и други видови на здружување кои не се НВО и Здружение на граѓани и кои не се регистрирани . Воглавно се базирани на националистичка основа и не се толку добро организирани но имаат некакви активности .
За пример ке ти ги посочам здруженијата на бранителите . Имаат и активности и сами се финансираат . Може да се предпостави дека во даден социјален тајминг ке излезат на улица и ке почнат активности .Имаат и потенцијал и средства и доверба меѓу населението .
Но тоа го знаат и странскиве СПОНЗОРУШИ кои цело време ги сатанизираат .
Но времето ке покаже . Довербата во НВО е толку опадната што самото нивно постоење не е ништо освен ДУБИОЗА морална политичка и финансиска .
Мислам дека НВО финансиран со милиони не донесе повеке од 25 души на плоштад ….Толку им е силата …. Да речеме бранителиве со нула денари помош можат да реализираат една цела паравојска на доброволен принцип .
Така да следната револуција нема да биде социјална него фундаменталистичка . Земи го на пример Иран . Ги имаа сите придобивки од капитализмот , слобода , модернизам а самото население се реши за исламска држава . Цврсто сум убеден дека и ние се движиме кон православен националистички фундаментализам . ТОА Е НАШАТА СЛЕДНА РЕВОЛУЦИЈА но сепак нека избере народот што сака .
December 22nd, 2008 at 11:22 am
Кога го пишував постот воопшто не ме интересираа ни Ирак, ни Иран, ни името, ни презимето.
Темата е активизмот на македонската младина… тука, внатре и за нашите приоритети. Нема да завлезгувам во теориите на заговор и масовна пропаганда кои ги спомнуваш.
Браво за браниетелите, браво за АФЖ, браво за писателите…
Ете гледаш… може и без странски донатори, ама може и со странски донатори… Различноста е добредојдена и корисна.
Како и да е, алатките кои ги разглобував ама во ни една смисла не може да бидат попречени од странски или домашен капитал. Напротив, може да бидат помогнати. А за тоа дали помогнатите ќе возвратат на овој или оној начин им оставам на нив.
Ајт…
December 23rd, 2008 at 3:25 pm
Не ме разбираш . Има два типа младински активизам во Р.М . Активизам од волонтери , самоиницијативен и вториот многу позастапен тип СПОНЗОРИРАН младински активизам .
Гледаш дека одлучувачки фактор за активизмот се СПОНЗОРИТЕ .
December 23rd, 2008 at 7:02 pm
1. Не постои идеална ситуација на слобода, права и правичност. Развојот на човештвото претставува постојана борба во која се освојува поголема слобода, поголеми права, повеќе правда за повеќе луѓе на поголем простор
2. Во врска со окупацијата на Ирак Хелсиншкиот комитет организираше протест заедно со неколку други организации и излезе во јавноста со образложение зошто Македонија треба веднаш да ги повлече своите војници од Ирак
3. Било кој облик на апатија и неделување зборува или за огромен притисок и закани врз луѓето или за голема заостанатост и несвесност за сопствените права и можности (најчесто и за двете одеднаш)
December 23rd, 2008 at 7:12 pm
Се разбираме многу убаво Даме… Само наоѓам нелогичности кај твојава аргументација. Еднаш викаш дека фактот на постоење и присутност на спонзори за тебе е главниот виновник за неактивноста на младите. После пак викаш дека спонзорите биле одлучувачки фактори за активизмот.
Ваков или таков, активизмот е оскуден токму поради оние причини кои и Мирјана ги наведе:
“Било кој облик на апатија и неделување зборува или за огромен притисок и закани врз луѓето или за голема заостанатост и несвесност за сопствените права и можности (најчесто и за двете одеднаш)”
Овде уште би додал, како дополнителна причина: “одење по линија на помал отпор, ќути си и глеј да се протнеш, умилкувај се за да те сакаат големите, лижи кај ќе стигнеш, потплати си побрзо ќе завршиш работа, не се буни”…
За ова последново спремам нов пост:)
December 23rd, 2008 at 10:07 pm
Убаво ти викам активизам има малку . А тој малку што го има е спонзориран активизам . Младите се демотивирани да имаат младински активизам . За што дљ се бориш . Стално за што и да се изботиш кр дојде некој кој има пари и со пари ке направи да твојот активизам да пропадене .
Еве ти еден актуелен пример .
Многу млади луге погодени од ситуацијата со името излегоа на улица и ја каменуваа Грчката амбасада . Еве да земеме дека некоја патриотска причина ги натерала на активност .
некој со многу пари за пари активира активизам и испаѓа дека исто како и овие екстремистиве има многу повеке активисти кои ни тропаат по врати и ни објаснуваат како ЕУ ке ни ги симнела визите , како ке сме иделе во Европа без проблем , како ако смениме име незнам колку инвестиции и слично .
И богами да те фати апатија . Е таа апатија еднаш ке се смени само прво народот меѓу себе треба има консензус што сака . Отприлике сега му се гледаат контурите , значи имаме консензус дека демократијава нечини , а кој систем на општествено уредување на односите ке избереме зависи од народот .
Плави , розеви , зелени , лиљакови револуции не ни требаат . Затоа е апатијата . Ништо нема да добиеме со таква револуција , само Курто го менува Мурто .
Рагледај ја за пример исламската револуција во Иран . Добар пример како апатијата наеднаш се претвара во активност . Ни на крај памет не им паднало на властите дека аудио касети со говори на Хомеини можат да дигнат револуција . Касета што се умножува од касетофон на касетофон . Ај замисли ја сликава ти си во Иран има апатија нема активност , а зад зидовите дома го слушаат Хомеини . Сега се возев со таксист и му викам дека ке земеме пушка и ке смениме нешто . Ми вика само нека пукне оставам и жена и деца и одма идам . Неможам повеќе да се нервирам …. Е малце по малце се мрдаме од мртва точка …… Не ми се важни овие на плоштад јас го слушам народот . А народот под заби пцуе по власта ЕУ и НАТО …. Не јавно онака под заби тивко збори дека на некој му се ближи крајот ….