Младински образовен форум, по повод 10-годишнината од своето постоење, го креираше и публикуваше прирачникот за младински активизам - Локална младинска иницијатива.
Прирачникот е слободен за симнување и користење тука:
Преземи Локална младинска иницијатива
Потребата од едукација за демократијата кај младите, но и потребата од вредности блиски до отвореното општество се клучните мотиви кои се образложени во оваа книга. Младинскиот активизам како основа за развој на локалните средини, но и за државата во целост, е неопходниот услов за да може да зборуваме за останатите младински вредности во отвореното општество: неформалното образование, заштитата на младинските права, критичкото размислување, дебатата, јавното говорење и реализацијата на младински акции и настани.
Практикувањето на знаењето и позитивните примери стекнати од оваа книга најмногу се применливи на локално ниво, а со здружување на младинските сили од различни општини гарантираат акции кои драстично ќе ја променат положбата на младите на ниво на цела држава.
Лоцирањето на проблемите, повикувањето на рамноправност и слобода, гласната употреба на аргументи и организацијата на атрактивни и видливи акции се клучните алатки на кои учи ова издание. Тоа се, впрочем, клучните алатки на демократијата за млади.

