Прелеана чаша, бес, лутина, отпор, насилство, толпа, ескалација… Ова се случува во Атина како резултат на бруталноста на грчката полиција при која беше убиен еден млад човек.
Но, прашањето е од каде е вистинскиот револт. Ценејќи според однесувањето на младите кои секојдневно се поагресивни на улица, изгледа како да се револтирани од се што им се наметнува како авторитет, од се што е репрезент на нивните предци, а го сметаат за погрешно.
Ситуацијата е излезена од контрола, не постои централна организација на протестите, идеолошката матрица се шири на интернет и не постојат барања за сметка на чие исполнување протестите би запреле. Впрочем нема ни со кого да се преговара, ни за што да се преговара.
Ова е, едноставно, излив на бес против веројатно погрешно поставениот грчки систем.
Можно ли е токму младите од Грција да се спротистават и на грчката политичка агресија врз Македонија?
