На 17ти февруари на македонската јавност и стана достапно последното истрaжување на Европскиот фонд за Балкан и Галуп Европа.
Истражувањето е спроведено во септември 2008 на ниво на Западен Балкан, со репрезентативен примерок од 1000 испитаници, сите испитани со директно интервјуирање на терен.
Резултатите ги прикажуваат ставовите на граѓаните за процесите на зачленување во ЕУ. Низа заклучоци, ќе издвојам делови од истражувањето, особено оние кои укажуваат на парадоските во нашето општество.
Првиот заклучок е дека Македонците се разочарани антикорупционери. Ова доаѓа од податокот кој вели дека во периодот 2006-2008, во Македонија има најголем пад во задоволството од животот. Во исто време, 67% од испитаниците сметаат дека животнитот стандард и непроменлив или се влошува. Тука за утеха ги имаме Србите и Хрватите, кои имаат уште помрачен поглед кон иднината. Најоптимисти и најзадоволни од животот се Косоварите и Црногорците - Косоварите уште се журкаат за независноста, а Црногорците тријат раце поради морето. [уште се на меден месец:]
Од друга страна, Македонците заедно со Косоварите најмногу се задоволни од своите влади.


Вториот заклучок може да каже дека сме “ѕвезди” на Западен Балкан. Македонија е омилена меѓу соседите, односно перцепирана е како високо пријателска земја.

Македонците се и “милитарни верници”. Од листата на институции најмногу веруваме на армијата, црквата и полицијата, а најмалку на политичките партии, приватните бизниси и институциите на ЕУ.

Сумарно, заклучоците на Галуп се следни:
Македонија има поголема свест за то што и е потребно на земјата за напредок: квалификација за работа, ЕУ реформи, регионална соработка - добра основа за прогресивно креирање на политка.
Луѓето во Македонија се помалку задоволни од животот од 2006, и се песимисти за иднината на земјата и нејзината економија.
И покрај тоа што се критични во поглед на Владата и имаат мала доверба во демократските институции, Македонците се задоволни од тоа како Владата се бори против криминалот и сметаат дека има помалку корупција од 2006.
Повеќе соседи земјата ја сметаат за пријателска, населенитето ја поддржува регионалната соработка - добра основа за преземање на улога на посредувач.
Има голема разлика во перцепциите помеѓу Македонците и Албанците: Албанците далеку повеќе ги поддржуваат меѓународните организации, сметаат дека членството во ЕУ и НАТО е поважно отколку да се сочува уставното име и сметаат дека Охридскиот договор е добро решение.
Парадокси има многу, а можеби најголемиот е што за клучни прашања Македонците и Албанците имаат прилично поделени мислења.
Деталните резултати видете ги тука.




