Archive for the ‘Општество’ Category

Локална младинска иницијатива

August 31st, 2009

Младински образовен форум, по повод 10-годишнината од своето постоење, го креираше и публикуваше прирачникот за младински активизам - Локална младинска иницијатива.
Прирачникот е слободен за симнување и користење тука:
Преземи Локална младинска иницијатива

Потребата од едукација за демократијата кај младите, но и потребата од вредности блиски до отвореното општество се клучните мотиви кои се образложени во оваа книга. Младинскиот активизам како основа за развој на локалните средини, но и за државата во целост, е неопходниот услов за да може да зборуваме за останатите младински вредности во отвореното општество: неформалното образование, заштитата на младинските права, критичкото размислување, дебатата, јавното говорење и реализацијата на младински акции и настани.

Практикувањето на знаењето и позитивните примери стекнати од оваа книга најмногу се применливи на локално ниво, а со здружување на младинските сили од различни општини гарантираат акции кои драстично ќе ја променат положбата на младите на ниво на цела држава.
Лоцирањето на проблемите, повикувањето на рамноправност и слобода, гласната употреба на аргументи и организацијата на атрактивни и видливи акции се клучните алатки на кои учи ова издание. Тоа се, впрочем, клучните алатки на демократијата за млади.

Tags:
Posted in Млади, Општество | Comments (0)

Македонска студентска повраќаница

May 13th, 2009

Сигурно сте згрозени од веста на А1 во која повторно во центарот на вниманието се извесни, демек, студенти. Себеси се нарекуваат Македонска студентска унија (МСУ). Не дека се студенти, не дека нешто обединуваат.

МСУ им е името бидејќи така се запишале во централен регистар кога си формираа невладина организација. Молеа од врата на врата, од НВО до НВО, од партија до партија… Дојдоа дури и во МОФ, демек да ни кажат дека се против монополот на ССУКМ и дека и тие се за студентски плурализам.

Им помогнавме, им покажавме како да склопат статут и како да се регистрираат… Се каам и се извинувам на сите што сум го направил тоа, што сум помогнал заматени умови да стигнат до овде.

Во меѓувреме, изгледа тропнале на вистинската врата и добиле закрила … Подоцна слушнавме дека планирале да делат библии по студентски домови, за на крај да ги видиме на прес на Плоштад како го оправдуваат тепањето студенти.

Во меѓувреме поседуваа и студентски легла кои ги делеа на нивни заслужни членови, во соработка со прецедникот на затупенион студентски сојуз.

Е арно ама малку им било… се зафилмале дечките и почнале да си играат АлКаеда… Погледнете го линкот уште еднаш и кажете ми кој тоа на маскенбал си игра терористичка прес-конференција.

Posted in Млади, Општество | Comments (12)

Вчера и денес: Пронајди ги разликите!

April 13th, 2009

Вчера и денес…
Пронајди ги разликите:

Tags:
Posted in Општество | Comments (6)

Етикетирани овци полесно се водат

April 12th, 2009

Ме инспирираше Рециклирачот со неговиот последен пост (тука) во кој пишува за соросоидните и букефалистички етикети кои се лепат на сите нас…
Тој што ќе си ја задржи етикетата станува дел од стадото и е подложен на масовна контрола, управување и насочување кон потребите на пастирот, шефот, шефот во сенка, ВД-то…

Етикетираните овци полесно се водат… не дозволувајте да ве налепат, зошто ќе бидете само една точка од големата игра каде чекорите се одредуваат со џоистик.

Samsung го претставил тоа сликовито:

Tags:
Posted in Општество | Comments (2)

Предизборни чирови

April 6th, 2009

Македонија вчера доби нов претседател и нови (некаде стари) градоначалници на општини. Но, во хаосот пред изборите, по превезот на демократијата, Македонија ги извади на виделина своите неизлечиви чирови.

Првиот чир почна да боли во Струга. Мотивирани од партиските интереси, средношколците не издржаа и стигнаа до етнички смени. Ситуацијата стигна и до масовни тепачки со повредени, а во меѓувреме се видовме и напад врз јавна дебата… резултатот е етничка тензија и поделени ученици… поделеност која е далеку од концептот на мултиетничност со кој ја промовираме Македонија.

Вториот чир се вика немање познавања за дебата. Ни се случи дуел меѓу Хорхе и Фрле на кој она што најмногу запамтивме е дека едниот бил “табула раса”, а другиот “буреконосач”. Кандидатите за претседател (едниот лош дебатер, другиот искусен дебатер) стигнаа и до момент на промашување на темата која модераторите им ја задаваа. Ги прашуваа за лето, овие одговараа за зима.
Конкретно: На прашањето “Има ли Македонија можност да го искористи меѓународното право во одбарана на името?”, кандидатите, како недоветни одговорија:
Хорхе: “Меркел не поддржува, а Фрчкоски напиша лош Устав и водеше полиција која тепаше народ.”
Фрле: “Иванов беше против Рамковниот, а неговото единствено политичко искуство е во социјализмот.”
Сериозно ја промашиле темата.

Третиот чир не изгоре на Плоштад. Тепаа студенти и други, а полицијата се успа да одговори… или пак некој и кажа да се успие. Третиот чир метастазираше и ни ги донесе четвртиот и петтиот.

Четвртиот чир е олицетворен во таканаречениот студентски лидер. Неговата реакција на тепањето студенти е следна: “Ние не се чувствуваме повикани да го осудиме или да го браниме тој настан. Група на граѓани меѓу кои можеби и имало студенти, имаат право да протестираат. Замислете кога едни би протестирале зошто Месечината кружи околу Земјата, а други зошто САД се поголеми од Македонија.“

Петтиот е медиумскиот чир, кој најмногу болеше после тепањето на Плоштад. Латас не издржа и се закануваше со пукање носеви и тепање по кафани.

И, што е резултатот?

Можеби добивме претседател и градоначалници, но ја изгубивме демократијата. Ја изгубивме мултиетничноста (првиот чир), ја изгубивме смислата за дебата (вториот чир), ја изгубивме слободата на протест (третиот чир), ја изгубивме студентската револуција (четвртиот чир), ја изгубивме слободата на медиумите (петтиот чир).

Болат чировите, ама најмногу боли што ја губиме ЕУ.

Tags:
Posted in Општество | Comments (0)

Струга лишена од слободата на говор

February 19th, 2009

Денес во Струга група агресори не дозволија слободна граѓанска мисла. Иницијаторите на Граѓанското движење за Европска Македонија беа физички нападнати и спречени да ја спроведат трибината со граѓаните.

Деталите за овој линч на демократијата ги имате на Развигор и на блогот на Жарко Трајаноски.

Tags:
Posted in Општество | Comments (5)