Македонски јазик #ООН

December 22nd, 2009
by Марјан Забрчанец

Дали преговараме за идентитетот? Ако преговараме, зошто преговараме?
Основата на македонскиот идентитет, неговиот јазик, е потврден како македонски во Обединетите нации.
UNTERM е дата база на номанклатури специфични за државите на ОН, преведена на 6 јазици [англиски, француски, шпански, руски, кинески, арапски]. Таму, македонскиот јазик е потврден како јазик кој се зборува во Република Македонија, уште од 8 април 1993 година.

Линк за потврда тука.

Ова како аргумент за преговарање:)

* Информацијата е добиена од јавен говор на Стево Пендаровски

Tags:
Posted in Општество | Comments (3)

Еднонасочната комуникација е зло!

December 2nd, 2009
by Марјан Забрчанец

Теза: Еднонасочната комуникација го труе општеството

Позиција: Афирмативна

Еднонасочна комуникација. Исто како да си бебе. Ти зборуваат, а тебе ништо не ти е јасно. Не можеш ни да им вратиш. Или, исто како да си овца. Ти се дере овчарот, страшен, со стап и без заби. Или, пак, исто како да си на митинг. Се дерат звучниците, одекнува насекаде гласот на лидерот. А, ти си таму долу и немаш шанса да кажеш било што.

Немаше да има потреба од дискусија за “еднонасочната комуникација” ако таа не експлодираше во државава, ако се практикуваше само кај бебињата, овците и граѓаните што одат на митинзи.
Но, кај нас еднонасочно се комуницирани толпи граѓани - студентите, гласачите, потрошувачите. На толпи луѓе некој нешто им кажува, а не ги прашува што мислат. А овие другиве, така собрани во толпи не ни бараат да возвратат со комуникација.
И на крај добиваме куп предрасуди, затворено општество, не се познаваме, го линчуваме туѓото мислење. Уште и закани дека ќе не стигнела раката на комуникаторот ако сме прозбореле различно.

Зошто еднонасочната комуникација го труе општеството?

Аргумент 1. Бидејќи пропагандата, манипулацијата и лагата се основни алатки во политиката и креирањето на јавното мислење во Македонија.
Основните идеолошки, концепциски и програмски определби (и на власта и на опозицијата) не се подложни на јавна дискусија. И Преродбата и Решенијата за Македонија се спакувани во канцеларија и се промовираат преку класични адвертајзинг кампањи. Она што го пишува внатре никогаш не беше ставено на маса на трибини, ТВ дебати, ниту пак на социјалните мрежи. Напротив, го добивме како нашминкан документ и преку традиционалните и преку новите медиуми.

Да праќаш пораки, а да не очекуваш да ти одговорат, да се плашиш од туѓото мислење, да избегнуваш интеракција и да покажуваш со прст, а да не дозволиш да те покажат со прст значи дека лажеш. Тоа значи дека спроведуваш пропаганда, а пропагандата по дефиниција е пласирање пристрасни информации, намерно искривени податоци, логички грешки, кои, иако понекогаш се убедливи, ретко се вистинити. Не се вистинити бидејќи во нив ја нема другата страна на вистината. Никогаш не сме ја слушнале. За другата страна на вистината микрофонот е исклучен. Уствари таму нема микрофон.

Еднонасочната комуникација е безобразна. “Ти си Македонија” и “Некои прашања не заслужуваат одговор” безобразно не покорија. Првата не потцени, демек ние не знаевме дека сме Македонија, па требаше со прст да не покажат оти сме заборавиле? Демагогии, празни пораки. Има ли барем еден кој не знае дека е дел од Македонија? Втората [иако сметам дека територијалната распределба беше нужна во тој момент] го направи нашето мислење неважно и уште повеќе прашањето го сведе на ништожно, демек не заслужувало одговор. И повторно, се тоа со милион билборди, спотови во кои комуникаторот се издерава врз толпата народ.
Безобразни пропаганди, манипулации и лаги ни го трујат општеството.

Аргумент 2. Бидејќи бизнис секторот не знае кои се потребите на потрошувачите

Потрошувачите се обесправени. Во Македонија се конзумираат мнозинство неквалитетни производи и се користат мнозинство неквалитетни услуги. Постојано не сме задоволни, а нема кај да се пожалиме. Нема двонасочна комуникација. А од друга страна адвертајзингот е сведен на билборди и спотови (исто како и кај партиите).

Замислете, од три телекомуникациски оператори (кои би требало да се лидери во комуникациите во општеството) само еден делумно интензивно ги користи социјалните мрежи за да се доближи до потрошувачите и да дознае кои се нивните потреби. И тоа оној со најмалку корисници. Останатите, мнозинството, комуницираат еднонасочно. Кога последен пат Вашиот телеком провајдер или вашиот кабловски ТВ провајдер ве прашал кои се вашите потреби?
Кога последен пат вашата банка ве искомуницирала на интернет? Сте ја сретнале ли вашата банка на Facebook, LinkedIn или на Twitter?

А какви само можности имаме. Интернет. Ефтино, неограничено, идеално за дискусија и многунасочна комуникација. И пак, и на интернет, само банери кои водат до безлични веб страни, во кои нема простор за дискусија.
Труење во бизнис секторот. Ни испорачуваат пораки за нашите желби, наместо за нашите потреби. Се втурија од производство на домати од по 1/2 кг. полни со вода, а појма немаат дека ние сакаме мали и вкусни.
Тоа е труење. Труење со неинформираност кое резултира со отруени и незадоволни потрошувачи.

Тоа е мојата позиција во оваа теза. Нашето општество е отруено од еднонасочна комуникација. Никој не не прашува, никој не ни дава простор за дискусија. Ние си го најдовме своето место на интернет, но надвор од нашиот компјутер владее лагата, на сметка на измамените граѓани, гласачи и потрошувачи.

Но, сигурен сум дека има вистина и од другата страна. Сигурно постојат позитивни искуства кои ќе ме побијат во некои делови. Бујрум. Има ли спротивни аргументи?

Tags:
Posted in Комуникации, Општество | Comments (4)

Дали ја поддржувате геј заедницата во Македонија?

October 24th, 2009
by Марјан Забрчанец

Дали ја поддржувате геј заедницата во Македонија?

View Results
Create a Blog Poll

Tags:
Posted in Општество | Comments (1)

Локална младинска иницијатива

August 31st, 2009
by Марјан Забрчанец

Младински образовен форум, по повод 10-годишнината од своето постоење, го креираше и публикуваше прирачникот за младински активизам - Локална младинска иницијатива.
Прирачникот е слободен за симнување и користење тука:
Преземи Локална младинска иницијатива

Потребата од едукација за демократијата кај младите, но и потребата од вредности блиски до отвореното општество се клучните мотиви кои се образложени во оваа книга. Младинскиот активизам како основа за развој на локалните средини, но и за државата во целост, е неопходниот услов за да може да зборуваме за останатите младински вредности во отвореното општество: неформалното образование, заштитата на младинските права, критичкото размислување, дебатата, јавното говорење и реализацијата на младински акции и настани.

Практикувањето на знаењето и позитивните примери стекнати од оваа книга најмногу се применливи на локално ниво, а со здружување на младинските сили од различни општини гарантираат акции кои драстично ќе ја променат положбата на младите на ниво на цела држава.
Лоцирањето на проблемите, повикувањето на рамноправност и слобода, гласната употреба на аргументи и организацијата на атрактивни и видливи акции се клучните алатки на кои учи ова издание. Тоа се, впрочем, клучните алатки на демократијата за млади.

Tags:
Posted in Млади, Општество | Comments (0)

Лековерни медиуми

June 29th, 2009
by Марјан Забрчанец

И додека трае хаосот со веста за “исчезнувањето” на Анџелина Џоли, мојата Фејсбук пријателка Ивана ја разреши мистеријата.
Некој си играл на нет и креирал иста вест за повеќе јавни личности:
Исчезна Анџелина Џоли:
http://angelina.jolie.mediafetcher.com/news/top_stories/actress_st_tropez.php
St. Tropez, France (MediaFetcher June 30, 2009) - The French Maritime Gendarmerie, a division of the French Navy responded to distress calls from 10 persons aboard a 120′ luxury yacht cruising off of the coast of St. Tropez. Actress Angelina Jolie was reportedly vacationing aboard the privately chartered vessel.

Исчезна Харисон Форд:
http://harrison.ford.mediafetcher.com/news/top_stories/actor_st_tropez.php#
St. Tropez, France (MediaFetcher June 30, 2009) - The French Maritime Gendarmerie, a division of the French Navy responded to distress calls from 10 persons aboard a 120′ luxury yacht cruising off of the coast of St. Tropez. Actor Harrison Ford was reportedly vacationing aboard the privately chartered vessel.

За жал Сител се залета и си дозволи веста да ја објави на сопствениот веб.

Баш ме интересираат утрешните реакции во останативе македонски медиуми кои исто така се залетаа по Сител.

Tags:
Posted in Комуникации | Comments (5)

Македонска студентска повраќаница

May 13th, 2009
by Марјан Забрчанец

Сигурно сте згрозени од веста на А1 во која повторно во центарот на вниманието се извесни, демек, студенти. Себеси се нарекуваат Македонска студентска унија (МСУ). Не дека се студенти, не дека нешто обединуваат.

МСУ им е името бидејќи така се запишале во централен регистар кога си формираа невладина организација. Молеа од врата на врата, од НВО до НВО, од партија до партија… Дојдоа дури и во МОФ, демек да ни кажат дека се против монополот на ССУКМ и дека и тие се за студентски плурализам.

Им помогнавме, им покажавме како да склопат статут и како да се регистрираат… Се каам и се извинувам на сите што сум го направил тоа, што сум помогнал заматени умови да стигнат до овде.

Во меѓувреме, изгледа тропнале на вистинската врата и добиле закрила … Подоцна слушнавме дека планирале да делат библии по студентски домови, за на крај да ги видиме на прес на Плоштад како го оправдуваат тепањето студенти.

Во меѓувреме поседуваа и студентски легла кои ги делеа на нивни заслужни членови, во соработка со прецедникот на затупенион студентски сојуз.

Е арно ама малку им било… се зафилмале дечките и почнале да си играат АлКаеда… Погледнете го линкот уште еднаш и кажете ми кој тоа на маскенбал си игра терористичка прес-конференција.

Posted in Млади, Општество | Comments (12)