Предизборни чирови

April 6th, 2009
by Марјан Забрчанец

Македонија вчера доби нов претседател и нови (некаде стари) градоначалници на општини. Но, во хаосот пред изборите, по превезот на демократијата, Македонија ги извади на виделина своите неизлечиви чирови.

Првиот чир почна да боли во Струга. Мотивирани од партиските интереси, средношколците не издржаа и стигнаа до етнички смени. Ситуацијата стигна и до масовни тепачки со повредени, а во меѓувреме се видовме и напад врз јавна дебата… резултатот е етничка тензија и поделени ученици… поделеност која е далеку од концептот на мултиетничност со кој ја промовираме Македонија.

Вториот чир се вика немање познавања за дебата. Ни се случи дуел меѓу Хорхе и Фрле на кој она што најмногу запамтивме е дека едниот бил “табула раса”, а другиот “буреконосач”. Кандидатите за претседател (едниот лош дебатер, другиот искусен дебатер) стигнаа и до момент на промашување на темата која модераторите им ја задаваа. Ги прашуваа за лето, овие одговараа за зима.
Конкретно: На прашањето “Има ли Македонија можност да го искористи меѓународното право во одбарана на името?”, кандидатите, како недоветни одговорија:
Хорхе: “Меркел не поддржува, а Фрчкоски напиша лош Устав и водеше полиција која тепаше народ.”
Фрле: “Иванов беше против Рамковниот, а неговото единствено политичко искуство е во социјализмот.”
Сериозно ја промашиле темата.

Третиот чир не изгоре на Плоштад. Тепаа студенти и други, а полицијата се успа да одговори… или пак некој и кажа да се успие. Третиот чир метастазираше и ни ги донесе четвртиот и петтиот.

Четвртиот чир е олицетворен во таканаречениот студентски лидер. Неговата реакција на тепањето студенти е следна: “Ние не се чувствуваме повикани да го осудиме или да го браниме тој настан. Група на граѓани меѓу кои можеби и имало студенти, имаат право да протестираат. Замислете кога едни би протестирале зошто Месечината кружи околу Земјата, а други зошто САД се поголеми од Македонија.“

Петтиот е медиумскиот чир, кој најмногу болеше после тепањето на Плоштад. Латас не издржа и се закануваше со пукање носеви и тепање по кафани.

И, што е резултатот?

Можеби добивме претседател и градоначалници, но ја изгубивме демократијата. Ја изгубивме мултиетничноста (првиот чир), ја изгубивме смислата за дебата (вториот чир), ја изгубивме слободата на протест (третиот чир), ја изгубивме студентската револуција (четвртиот чир), ја изгубивме слободата на медиумите (петтиот чир).

Болат чировите, ама најмногу боли што ја губиме ЕУ.

Tags:
Posted in Општество | Comments (0)

Разочарани антикорупционери

February 21st, 2009
by Марјан Забрчанец

На 17ти февруари на македонската јавност и стана достапно последното истрaжување на Европскиот фонд за Балкан и Галуп Европа.
Истражувањето е спроведено во септември 2008 на ниво на Западен Балкан, со репрезентативен примерок од 1000 испитаници, сите испитани со директно интервјуирање на терен.

Резултатите ги прикажуваат ставовите на граѓаните за процесите на зачленување во ЕУ. Низа заклучоци, ќе издвојам делови од истражувањето, особено оние кои укажуваат на парадоските во нашето општество.

Првиот заклучок е дека Македонците се разочарани антикорупционери. Ова доаѓа од податокот кој вели дека во периодот 2006-2008, во Македонија има најголем пад во задоволството од животот. Во исто време, 67% од испитаниците сметаат дека животнитот стандард и непроменлив или се влошува. Тука за утеха ги имаме Србите и Хрватите, кои имаат уште помрачен поглед кон иднината. Најоптимисти и најзадоволни од животот се Косоварите и Црногорците – Косоварите уште се журкаат за независноста, а Црногорците тријат раце поради морето. [уште се на меден месец:]
Од друга страна, Македонците заедно со Косоварите најмногу се задоволни од своите влади.

Вториот заклучок може да каже дека сме “ѕвезди” на Западен Балкан. Македонија е омилена меѓу соседите, односно перцепирана е како високо пријателска земја.

Македонците се и “милитарни верници”. Од листата на институции најмногу веруваме на армијата, црквата и полицијата, а најмалку на политичките партии, приватните бизниси и институциите на ЕУ.

Сумарно, заклучоците на Галуп се следни:

Македонија има поголема свест за то што и е потребно на земјата за напредок: квалификација за работа, ЕУ реформи, регионална соработка – добра основа за прогресивно креирање на политка.
Луѓето во Македонија се помалку задоволни од животот од 2006, и се песимисти за иднината на земјата и нејзината економија.
И покрај тоа што се критични во поглед на Владата и имаат мала доверба во демократските институции, Македонците се задоволни од тоа како Владата се бори против криминалот и сметаат дека има помалку корупција од 2006.
Повеќе соседи земјата ја сметаат за пријателска, населенитето ја поддржува регионалната соработка – добра основа за преземање на улога на посредувач.
Има голема разлика во перцепциите помеѓу Македонците и Албанците: Албанците далеку повеќе ги поддржуваат меѓународните организации, сметаат дека членството во ЕУ и НАТО е поважно отколку да се сочува уставното име и сметаат дека Охридскиот договор е добро решение.

Парадокси има многу, а можеби најголемиот е што за клучни прашања Македонците и Албанците имаат прилично поделени мислења.
Деталните резултати видете ги тука.

Posted in Комуникации | Comments (0)

Струга лишена од слободата на говор

February 19th, 2009
by Марјан Забрчанец

Денес во Струга група агресори не дозволија слободна граѓанска мисла. Иницијаторите на Граѓанското движење за Европска Македонија беа физички нападнати и спречени да ја спроведат трибината со граѓаните.

Деталите за овој линч на демократијата ги имате на Развигор и на блогот на Жарко Трајаноски.

Tags:
Posted in Општество | Comments (5)

Сегрегација

February 10th, 2009
by Марјан Забрчанец

И повторно владее страв од етнички конфликт… Малку ни се економската криза, грчкиот бојкот, опасноста од изолација, престојните избори, не-интеграцијата во ЕУ и срамната опозиција, па сега уште засилена етничка омраза ни фали…

Струга, најмирниот град дури и во време на конфликтот, денес се соочува со сегрегација на младите на етничка основа… и тоа по малку чудна сегрегација… По дефиниција, сегрегацијата значи фактичко или правно ограничување на малцинската и помалку моќната група, од страна на мнозинската. Во Струга е обратното… Токму мнозинската група сака да се сегрегира… Родителите и професорите по секоја цена сакаа да ги поделат децата во етнички згради. Успеаа во тоа, но не успеаа да ги намалат етничките тензии. Одлучија да отидат чекор понатаму и да ги поделат дури и во етнички смени…

И во време кога на мојот ТВ брмчат бели бумбари за оваа иницијатива (бумбари кои се јавуваат и рецитираат подготвени напишани текстови), јас се потсетувам на тренинзите за јавни дебати за истите тие средношколци од Струга… Верувале или не, 150 деца од истото училиште, Македонци, Албанци и Турци, по цели викенди учеа јавно да дебатираат и во ни еден момент етничката тензија не ја изнесоа како проблем … Поголем проблем им беше тоа што кејот и плажата им се загадени или тоа што немаат затворен базен… И се договорија и презедоа иницијативи, локални младински. Не им требаше посебен одбор за да им го реши проблемот.
И без било кој да им наметне заклучија дека нивните локални проблеми се поважни од тоа што тие не се од иста етничка заеница.

И на сето ова, како шлаг доаѓа изјавата на Министерот за образование:

Во моментов е најважно да се заштити безбедноста на учениците и тие да не се вовлечат во црните политички сценарија на возрасните. Потсетува дека претходната година, а и пред тоа, по барање на училишните одбори, Министерството за образование се погрижи за обезбедување редари – дадена е согласност за осуммина, а позитивно им било одговорено и на обраќањата за поставување видеонадзор во училишната зграда.

Од сите можни решенија, од сите можни акции за соживот, заеднички активности и вмрежувања, се донесе одлука за раздвоени згради, па видео надзор и горили од обезбедување, за раздвоени смени…
Дали ваквата одлука значи сегрегација?

И тука не завршува приказната. Денес се удри темел на уште едно училиште за сегрегација. Училиште кое ќе им овозможи средно образование на Ромите од Шуто Оризари. Но, повторно, се гради надвор од концептот за соживот. Наместо интеграција на Ромите, мешање со понтегрираните и услови за еднаков пристап кон благодетите на оваа држава, им се нуди зграда во која повторно ќе бидат сегрегирани… само што овој пат сегрегирани ќе седат на нови столчиња, сегрегирано ќе користат нови компјутери, сегрегирано ќе учат за виртуелниот меѓуетнички соживот.

Tags:
Posted in Општество | Comments (17)

Томиќ и МТВ го донесоа Бог на земја?!

January 21st, 2009
by Марјан Забрчанец

Пред некој ден ми раскажуваа за чудово, ама мислев дека приказната ја измислил некој МТВ-мразач…

Но, “смртната” сериозност на А2 ме убеди во спротивното… Навистина, Бог дошол на земјата… И тоа не било како, туку со помош на Слободан Томиќ и Гласот на народот… Не, не е тоа нашиот глас… Тоа е гласот на оној народ, народот на Томиќ.

Станува збор за уште еден бисер кој завлегува длабоко дури и во навреда на верниците и поигрување со божјите заповеди.
За мене, единствен пример каде Бог се појавува во прво лице еднина се македонските народни приказни. Но, ова не е приказна. Ова е обраќање до јавноста, во склоп на молитва емитувана во една контактна емисија.

Новинарката на А2 добро ја отворила темава, еве и поддршка да не застане тука и да го следи случајов:

Почетоците на серијалот за Томиќ на овој блог може да ги видите тука и тука.

Tags:
Posted in Комуникации | Comments (9)

Сеќавања на Комодоре 64

January 11th, 2009
by Марјан Забрчанец

Се надевам дека кај сите оние кои користеа Комодоре 64 во 80тите ќе се појават топли емоции.
Одамна немав помислено на мојата пасија од тоа време, а ме мотивираше страницата на C64 на facebook.

The Commodore 64 is an 8-bit home computer released by Commodore International in August, 1982, at a price of US$595. Preceded by the Commodore VIC-20 and Commodore MAX Machine, the C64 features 64 kilobytes (65,536 bytes) of RAM with sound and graphics performance that were superior to IBM-compatible computers of that time. It is commonly referred to as the C64 or C=64 and occasionally known as CBM 64 (Commodore Business Machines Model number 64), or VIC-64.[1] It has also been affectionately nicknamed the “breadbox” and “bullnose” due to the shape and colour of the first version of its casing.

During the Commodore 64′s lifetime, sales totaled 30 million units, making it the best-selling single personal computer model of all time.[2] For a substantial period of time (1983-1986), the Commodore 64 dominated the market with between 30% and 40% share and 2 million units sold per year,[3] outselling the IBM PC clones, Apple computers, and Atari computers. Sam Tramiel, a former Commodore president said in a 1989 interview “When I was at Commodore we were building 400,000 C64s a month for a couple of years.”[4]

Еве како задававме команди:

Еве како се рекламираше Комодоре 64.

Tags:
Posted in Комуникации, Technology | Comments (3)